Поврзи се со нас

Гостивар

Поддршка за проекти на млади од Гостивар, вклучен тренинг и финансиски средства

Објавено

на

Младите од Гостивар имаат шанса да станат дел од програмата Young Cities, која поддржува младински проекти.  Програмата трае 6 месеци и вклучува 4 дневен тренинг, поддршка, вмрежување и мониторинг. Тренингот ќе се одржи од 25-ти до 28  јуни 2021 г. во Маврово.

„Програма е во потрага по ентузијастични и посветени млади од Гостивар, кои се подготвени да ги застапуваат потребите на младите во нивните локални заедници, со цел градење сигурни и мирни заедници. Ги повикуваме младите да се пријават со иницијативи кои се борат против, насилство, поларизација, екстремизам и омраза. Ако имаат идеја за проект којшто ќе ја направи заедницата побезбедна, се’ што треба да направат е да формираат тим и да аплицираат“, велат од Democracy Lab, кои ја спроведуваат програмата.

За време на 6 месечната програма, Young Cities ќе работи со 4 тима и ќе овозможи: тренинг кој ќе им помогне на тимовите да развијат иницијативи кои ќе имаат удел во општествена промена, финансиски надомест до 5000£ за секој тим, сѐ со цел непрекинато и успешно имплементирање на иницијативата и постојана поддршка преку менторирање и константна работа со тимовите вклучени во програмата.

Со вклучување воYoung Cities младите имаат можност да стекнат голем број вештини кои ќе им овозможат критичко размислување, градење кампањи, подобрено јавно говорено, брендинг, маркетинг, располагање со буџет, стекнување искуство во осмислување и имплементирање на сопствена иницијатива.

Право на учество имаат лица од 18 до 29 години кои живеат во Гостивар, кои посветено  ќе учествуваат на сите четири дена од тренингот. Потребно е да соберат тим од 4 до 6 луѓе и преку апликацијата да го опишат проектот.

Пријавувањето е до 14 јуни.

апликација

https://forms.gle/idDXHPpdAqpom5dH9

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена