Гостивар
Подготовки и координации за новата учебна година: Во училиштата во Гостивар нема услови за едносменска настава

Изминатиот период во гостиварските училишта се одвиваат подготовките за новата учебна година која почнува за десетина дена. Во насока на подобра организација и информираност, се одржуваат средби во општината меѓу директорите на училиштата со градоначалникот Ваљбон Лимани и раководителката на Секторот за образование, Аслијан Снопче.
Генерална оценка е дека училиштата подготвено ќе го дочекат септемвриското ѕвонче, без поголеми проблеми и препреки.
„На денешната средба со директорите на основните училишта разговаравме за активностите во училиштата во овој период, за плановите за почеток на учебната година, ги слушнавме забелешките и потребите кои ги истакнаа директорите и слично. Сите се согласивме дека треба да се обрне внимание, да има поголема сериозност и дисциплина за да има подобри успеси кај учениците. Генерално училиштата подготвено ќе ја дочекаат новата учебна година“, рече Снопче.
Во однос на неодамнешната изјава на министерката за образование Весна Јаневска за разгледување можности за едносменска настава, Снопче рече:
„До нас, до сега не е пристигнат таков допис од Министерството за образование и искрено не знаеме како би постапиле, затоа што во училиштата во Гостивар нема услови за организирање на наставата во една смена. Само во четири рурални училишта има услови и таму наставата се одвива едносменски. Во другите нема услови“.
Инаку, денес тече августовскиот уписен рок во средно образование. Во сите гостиварски средни училишта има слободни места, со исклучок на медицина и смеровите архитектура и информатика во техничко.
Учебната 2024/2025 година ќе започне на 2 септември (понеделник).
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 1 недела
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог