Гостивар
Подготовки за Водици во Гостивар – во тек е пријавување за вадење на крстот од Вардар

По една година пауза наметната од ковид пандемијата, големиот христијански празник Водици во Гостивар повторно ќе се одбележи со литија низ градските улици и положување на светиот крст во водите на реката Вардар.
Иницијативниот одбор ги прави последните подготовки за достојно чествување на празникот. Во тек е пријавување за вадење на светиот крст од Вардар и сите заинтересирани може да се пријават на телефонскиот број: 070/388-427. Како што информираат од одборот, до сега пријавени се дваесетина момчиња.
Традиционално прославувањето на празникот ќе започне со света литургија во соборната црква „Успение на Пресвета Богородица” од каде ќе тргне и литијата во 11 часот. Чинот на осветувањето и положувањето на светиот крст во Вардар, ќе се изврши точно напладне.
Богојалвение – Водици народот го празнува како еден од најголемите христијански празници. На тој ден Исус Христос е крстен од Свети Јован Крстител, во реката Јордан. Со тоа се укажува на значењето на крштевањето како една од светите тајни на христијанството. Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Светпред 3 месеци
Масовен пад на криптовалутите