Поврзи се со нас

Македонија

Подгответе го автомобилот за зимски услови

Објавено

на

Пред нас е период со пониски температури, за кратко време ќе настапи и зимата. Секој возач знае дека треба да ја пречека зимата со подготвен автомобил. Подготовката е едноставна, но секогаш останува нешто заборавено. Со овој преглед ве потсетуваме на неколку основни работи кои треба да ги направите пред користењето на автомобилите во зимски услови.

Зимски гуми: Во Македонија постои обврска за користење зимски гуми во периодот од 15-ти ноември до 15-ти март, со минимална длабочина од 4 милиметри, а алтернативно летни гуми со синџири за снег. Зимските гуми ги покажуваат предностите наспроти летните веќе при температури под +7 степени Целзиусови, поради тоа што смешата на гумата ја задржува еластичноста и при пониски температури и како резултат од тоа не доаѓа, на пример, до продолжување на патот на сопирање. Според тоа, воопшто не е потребно на патот да има снег или мраз за зимските гуми да бидат во предност пред летните.

Проверка на акумулаторот. Ниските температури можат да го испразнат акумулаторот, особено ако паркирате надвор. Пред да паднат температурите длабоко под нулата, задолжително е да се направи проверка на акумулатотот. Доколку е слаб, сменете го на време за да се поштедите од несакани изненадувања особено во доцните вечерни или во раните утрински часови.

Провека на бришачите. „Рокот на траење” на бришачите обично е од 6 до 12 месеци, односно, за овој временски период се „троши” гумата која го брише стаклото на возилото. Со редовна промена на бришачите, ќе си обезбедите подобра видливост на патот, а со тоа и поголема сигурност во сообраќајот за вас и за вашите сопатници.

Течност за ладење на моторот: Средството за ладење на моторот исто така треба да поседува заштита од мрзнење, препорачливо до -30 степени Целзиусови. Во сервисните работилници може да се провери до која температура моментно штити средството за ладење на моторот.

Проверка на маслото. Проверете во упатството од автомобилот колку често треба да го менувате маслото во возилото. Промената на маслото пред да започне зимата е одлична подготовка на моторот за возење во тешки зимски услови.

Проверка на течноста за бришачите. Во резервоарот за течност со која се брише ветробранското стакло, собира околу 2-3 литри течност. За одржување на чистотата на ветробранското стакло во зима се користи течност која не замрзнува и до минус 30 С˚.

Проверка на сопирачките. Сопирачките се секогаш важни за безбедност во сообраќајот без разлика на годишното време, посебно кога е лизгав коловозот. Проверувајте ги почесто, а задолжително отидете на сервис ако забележите промена во извршувањето на нивната функција.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена