Наставникот и мајка на две деца Лејла Лоренс, од САД, одговори на едно од најчестите прашања што нејзините родители ги поставуваат на порталот Mom.com – како да се подготви дете за прво одделение од основно училиште?

Иако, со ова прашање се соочува секоја година кон крајот на летото, годинава, поради пандемијата на коронавирус, која се шири низ целиот свет вели дека е многу потешко е да се даде конкретен одговор.

„Покрај тоа што секој ден се фокусирам на активности кои ќе следат како што се читање, вежбам броење до 10, држење пенкало и препознавање букви, се повеќе се фокусирам на помалку академски вештини кои се подеднакво, ако не и повеќе, од витално значење за успехот на учениците во училиштата“, објаснува таа.

Ова вклучува работи како:

1. Бидете сигурни дека вашето дете ги знае неговото име и презиме, дури и го препознава неговото име напишано на одредена подлога.
2. Вежбајте облекување и соблекување на јакна.
3. Охрабрете ги децата да зборуваат јасно, така што секој може да ги слушне и разбере.
4. Охрабрете ги да поминат некое време сами, далеку од родителите или браќа и сестри.
5. Научете ги да се исчистат после јадење.

„Додека секоја земја различно ќе пристапи кон прашањето за тргнување во училиштата, среде оваа пандемија, еве неколку работи кои добро ќе им дојдат на малите деца кои се подготвуваат за големата животна промена во необични околности“, истакна Лоренс.

1. Научете ги децата да го почитуваат личниот простор

Ова е тешко за учениците од основните училишта, посебно за ниските одделениа, затоа што е многу веројатно дека физичките контакти се нормален дел од нивниот секојдневен живот. Научете ги на безконтактни поздрави, како мавтање наместо прегратки.

2. Научете ги правилно да ги мијат рацете

Брзото плакнење на рацете не е добро. Научете ги да пеат песничка со траење околу 20 секунди и инсистирајте на топла вода со сапуница, а потоа фокусирајте се на темелно миење.

3. Објаснете им кога треба да ги мијат рацете

Децата треба да се научат да ги мијат рацете откако ќе допрат работи како што се врата, секогаш да ги мијат пред јадење, а не само по одење во тоалет или допирање на видливо валкани површини.

4. Инсистирајте да престанат да го допираат носот

Научете го вашето дете да користи хартиено шамивче што ќе го фрли во корпа по употребата и потоа да ги измие рацете.

5. Вежбајте да носите маска

Направете мало „истражување“ за да пронајдете маска која ќе биде пријатна за вашето дете, нема да му паѓа од лицето, а потоа вежбајте да ја носите маската кога шетате околу куќата.

6. Децата секогаш бараат причина

Наместо едноставно да им кажете како да се однесуваат, објаснете им зошто тие сега треба да ги следат новите несекојдневни упатства. Започнете со објаснување дека сите имаме бактерии, а потоа објаснете им како да се грижат за сопственото здравје.