Поврзи се со нас

Македонија

Поднесен Обвинителен предлог за три физички и едно правно лице за пожарот во Модуларната болница во Тетово

Објавено

на

За 14-те лица кои ги загубија животите во пожарот во тетовската модуларна болница Основното јавно обвинителство Тетово до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против три физички и едно правно лице.

Двајца се теретат за кривично дело тешки дела против општата сигурност, еден за непостапување според здравствени прописи додека правното лице за предизвикување на општа опасност.

-Двајцата првообвинети се товарат дека сториле  по едно кривично дело – Тешки дела против општата сигурност по чл.292 ст.4 в.в. со чл.288 ст.4 в.в. со ст.2 од Кривичниот законик,  третиот обвинет сторил кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија по чл.206 ст.1 од Кривичниот законик, додека обвинетото правно лице сторило кривично дело – Предизвикување општа опасност по чл.288 ст.5 в.в. со ст.4 в.в. со ст.2 и кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно чл.206 ст.2 в.в. со ст.1 од Кривичниот законик, информираат од Јавното Обвинителство.

Четиринаесетте луѓе животите ги загубија на 8 септември 2021 година во пожар кој избувна во модуларната болница. Тие се лекуваа од Ковид-19. Досега се направија четири вештачења за да се утврдат причините поради кои настана пожарот и да се лоцира одговорноста.

Во октомври 2021 по вештачењето на МВР, Обвинителството информираше дека пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор-апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред.

Стручни анализи беа направени од МВР, Технолошкиот факултет, од стручно лице – електроинжинер, како и експерти и истражители од сојузната криминалистичка полиција на Германија.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 2 недели

Денеска е Летник

Македонијапред 2 недели

Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле

Вестипред 3 недели

Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените

Гостиварпред 3 недели

Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница

Гостиварпред 4 недели

„Врие“ од револт кај граѓаните од Бањица: Под шатори ќе спиеме на нивите, ја бараме ветената средба со Владата

Регионпред 4 недели

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија

Гостиварпред 4 недели

Закани и напад врз сопственик на локал во Гостивар заради долгови

Гостиварпред 4 недели

Петрова во Гостивар на средба со сметководители и посета на Управата за имотно правни работи

Гостиварпред 2 недели

Платил 1600 евра за возачка без да полага, па откако бил измамен пријавил во СВР Тетово

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена