Гостивар
Подолго работно време на угостителските објекти во Гостивар
Советот на Општина Гостивар на денешната седница донесе одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти за време на празничниот период што следува. Локалите добиваат можност да работат плус два часа.
Предлогот го дадоа советничките групи на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ.
„Со оглед дека доаѓаат празници, граѓаните поминуваат повеќе време во дружење и излегување и сметаме дека треба да се продолжи работното време на угостителските објекти. Тоа е добро и за економијата на градот“, рече Ема Нешковска од СДСМ.
Советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Гоце Димовски рече дека предлагаат продолжување на работнот време на локалите имајќи ги предвид барањата од голем дел од угостителите кои изминатиот период пристигнале кај нив.
Одлуката предвидува дополнителни два часа работа за кафулињата, рестораните, пицериите и другите објекти од угостителска дејност на: 30 и 31 декември, како и 1, 4, 6, 7, 8, 13, 14, 20 и 21 јануари.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар