Поврзи се со нас

Гостивар

Поевтинети зеленчукот и овошјето на пазарот во Гостивар

Објавено

на

По подолго време „изгор“ цени на пазарските тезги, денес граѓаните на градскиот пазар во Гостивар може да купат поевтини зеленчук и овошје. Вторничниот пазарен ден поминува со голема раздвиженост, има купувачи, тезгите се полни со богата понуда на производи, а цените се поприфатливи за разлика од тие во изминатиот период.

Килограм краставици се продава по 50 и 60 денари, цената на кромидот се движи од 40 до 60 денари за килограм,  цената на компирот од 35 до 60 денари, а морковите се 70 денари. Тиквиците се продаваат по 20 денари за парче, килограм благи зелени пиперки чини од 100 до 120 денари, додека килограм домати може да се најде и за 90 денари. Претходно цените на овие зеленчуци беа значително повисоки, некои и двојно поскапи.

Килограм банани денес на гостиварскиот пазар се продава по 70 денари, толку е и цената на лимоните, додека килограм јагоди чинат 100 денари. Јаболката имаат цени од 30 денари нагоре, зависно од сортата.

Граѓаните главно се задоволни од ваквиот тренд на опаѓање на цените и велат дека сега може да однесат повеќе зеленчук и овошје дома и да ја наполнат трпезата, а не како претходно кога купувале едвај за една салата или воопшто не можеле да си дозволат да пазаруваат.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена