Поврзи се со нас

Гостивар

Поевтинува цената на зонскиот паркинг во Гостивар

Објавено

на

    Зонското паркирање во Гостивар ќе биде поевтино. Од 40 денари за час, цената паѓа на 25 денари. Одлуката за намалување беше донесена на денешната седница на Советот на Општина Гостивар.

    „Како што знаете во март 2023 година беше донесена одлука за покачување на цената на СМС пораката за зонски паркинг од 25 на 40 денари. Според нашите анализи и статистики се покажа дека тоа не е добра мерка за граѓаните, поради што решивме да предложиме да се врати старата цена од 25 денари. Воедно се намалува ценатата и за еднонеделни, двонеделни и месечни билети. Овие мерки се со цел да се намалат трошоците на граѓаните“, појасни претставник од Јавното претпријатие за паркинзи и зеленило.

    Покрај тоа, поевтинува и чинењето на казните за блокатори за неплаќачите, од 1.200 на 600 денари.

    Во дискусијата околу паркирањето, советничката од СДСМ Ема Нешковска даде предлог посебно да се обележат неколку паркинг места од кои собраните средства ќе се користат во хуманирани цели.

    „Да се обележат 5 паркинг места за хуманитарни цели, за нив да се воведе посебен број за плаќање и собраните средства да бидат наменети за социјално загрозени, ранливи категории или за лекување, а Советот да одлучува за доделувањето“, предложи Нешковска.

    Од ЈП за паркинзи и зеленило рекоа дека раководството во претпријатието ќе дискутира за предлогот и ќе се разгледа дали има услови и можности тоа да се реализира.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 47 минути

    Се паркира кој каде стигне-Неделава во Гостивар 58 казнети, 39 возила подигнати со пајак

    Македонијапред 3 часа

    На државна матура најмногу пријавени за полагање англиски јазик

    Здравје и убавинапред 4 часа

    Рецепт за домашен сок од глуварче

    Деца Родителипред 18 часа

    Кога промените во однесување зборуваат гласно – детски повици за помош

    Македонијапред 19 часа

    Нов историски ден за Северна Македонија, оцени Мицкоски

    Македонијапред 23 часа

    Менталните нарушувања почести, но посета на психолог и психијатар е сè уште табу тема

    Македонијапред 1 ден

    Затвор по 1,5 година за поранешните директори на Клиника во Тетово за пожарот во модуларната болница

    Македонијапред 1 ден

    Поскапува Еуросупер БС-98

    Писмапред 1 ден

    ПИСМА: Граѓани од Малеарди реагираат-„Се корнат здрави дрвја заради изградба на велосипедска патека“

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена