Вести
Поезија – Елена Здравковска, Гостивар
МАКЕДОНИЈА
Mирисот на земјата!
Почувствувај го мирисот на земјата
што за минатото збори
за народот кој низ векови
неуморно се бори.
За славните походи
низ историјата раскажани,
за јунаците храбри
во битките докажани.
Живописен Вардар неуморно жубори
од Вруток, од изворот врел,
тој приказни безброј носи
се дури до Егејот смел.
Секој дел од Охрид
за миг во минатото те враќа,
езерото со охридски бисер
поздав ти праќа:
„ Запомни ги Наум и Климент
и Прличев-сердарот што за нас се борел
и Константин што со тага и љубов
за топлиот југ творел.„
Шара и Баба ,Беласица и Малеш
гордо исправени стојат
те чуваат тебе велејќи
„ нема веќе граници да ни кројат“
Од планина се слуша јуначка песна
се уште ечи, се лее.
Тапанот низ векови чука.
Бајрактар македонско знаме вее.
Слушни ја песнава моја,
нека допре до душата твоја
Јас ја сакам земјата цела,
се гордеам, што сум потомка на нација смела!
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград