Гостивар
Пофалница и награда за Тамара од Гостивар, како еден од најдобрите дипломци на УКИМ
На Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, денес беа доделени пофалници и пригодни награди на најдобрите дипломирани студенти за учебните 2018/2019 и 2019/2020 година. Меѓу нив е и гостиварката Тамара Иваноска, првенец на генерација на Фармацевтскиот факултет со просек 9,85 и добитник на стипендија од Фондацијата „Трајче Мукаетов“. Иваноска по дипломирањето се вработи во компанијата Алкалоид.
На денешната свеченост на најдобрите дипломци, УКИМ покрај пофалници им додели златник со ликот на светите Кирил и Методиј. Ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски на свеченото доделување посочи дека наградите ги добија оние студенти кои со својата одлучност за нијанса се издвоија од другите колеги, и станаа први по квалитетот во својата генерација.
-Денеска им оддавам признание и благодарност за нивните извонредни успеси, но и за нивен интерактивен придонес во развојот и надоградувањето на знаењето. Со овој свечен чин им оддавам должно признание на најдобрите студенти на нашиоот Универзитет. Целта на оваа денешна церемонија е скромно да ве наградиме и јавно да ве пофалиме, рече ректорот Јанкуловски.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар