Рецепти
Погачи со тиква, есенски деликатес за насладување

Во сезоната на тиква, да се потсетиме на придобивките од нејзино конзумирање, без оглед дали е варена, печена или искористена како намирница во некое јадење. Тиквата изобилува со антиоксиданси, бета каротен, витамини неопходни за силен имунитет, здрава кожа и добар вид. Нискокалорична е (кога не и се додаваат шеќери) што ја прави многу погодна за оние кои сакаат да ослабнат или едноставно внимаваат на својата телесна тежина. Има позитивни ефекти врз кардиоваскуларниот систем, ја подобрува концентрацијата и го чува срцето.
Наједноставен начин да ја подготвите е со печење или варење. Но, може да го пробате и следниот рецепт.
Погачи со тиква
состојки:
-три филџани брашно
-еден филџан јогурт
-едно јајце
-300 гр.пире од тиква
-прашок за пециво
-масло
-сол
подготовка:
Најпрво измешајте ги брашното и пецивото. Потоа додадете ги останатите состојки и измесете тесто. Од тестото со калап или чаша формирајте погачи. Треба да се печат во загреана рерна на 200 степени, околу 15 минути.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава