Погледнете го филмот за Бигорски: „1000 години – Сведок на Светлината“
Документарецот е авторско дело на режисерот Илија Ико Каров, асистенти на режија се: Бранко Блажевски и Горан Костадинов.
„Овој филм не зборува толку за големината на Бигорскиот Манастир, за неговата грандиозност, иконостас и надворешна убавина, нешто што би било важно само на почеток и за кое, впрочем, досега се има снимено доста материјал, туку напротив: никогаш толку убаво не е претставена питомата (духовната) срцевина на светилиштето, таа што жари а не гори, ниту, пак, емотивната и нежна страна на бигорскиот Старец, Епископ г. Партениј – татковската, за што најемотивно говореа сите интервјуа, особено автобиографското на Старецот. Во овие непосредни интервјуа е претставена неговата вистинска љубов – монашката. Во ретко кое друго дело, текст, слово, интервју, на вака силен начин да е доловена оваа димензија од неговата личност која нè спојува сите негови духовни чеда: татковството, чувствителноста, неизмерната љубов кон нас и неговата нежност.“, се вели во рецензијата на Влатко Деловски, етнолог и културолог.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава