Поврзи се со нас

Вести

Поголема безбедност на пешаците, велосипедистите, моторџиите – проект на полицијата во Гостивар и Тетово

Објавено

на

Секторот за внатрешни работи  Тетово ги финализира последните подготовки за реализација на новиот превентивно-информативен и едукативен проект „Поголема безбедност на пешаците, велосипедистите, мотоциклистите и возачите на електрични тротинети и запознавање со позначајните прописи и измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“. Носител на проектот е Отсекот за превенција, а неговата практична презентација планирана е на 18-ти овој месец во Тетово и на 19-ти во Гостивар.

Во рамките на проектот се предвидува организирање на еднодневни информативни средби со пешаци, велосипедисти, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети, на кои  полициски службеници од тетовската Полициска станица и гостиварското Одделение за безбедност на патниот сообраќај поблиску ќе им ги претстават новините во законската регулатива, а ќе презентираат и корисни совети за оваа категорија на учесници во сообраќајот. Покрај тоа, ќе се дистрибуираат и над 2000 наменски изработени флаери, на македонски и на албански јазик, додека во втората фаза од проектот планирано е и одржување на сообраќајни поуки за прекршители.

„Целта на проектот, чие мото е „Само искуството е знаење, сé друго е информација и едукација“  е преку непосредно информирање, совети и укажувања да се придонесе за поголема безбедност на пешаците, велосипедистите, мотоциклистите и на возачите на електрични тротинети, кои деновиве во се поголем број се среќаваат меѓу учесниците во сообраќајот на поширокото полошко подрачје.“, соопштија од СВР.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена