Вести
Погребот на кралицата Елизабета чинел над 200 милиони долари

Британската влада потроши 161,7 милиони фунти (204 милиони американски долари) за државниот погреб на кралицата Елизабета, објави Министерството за финансии.
Откако кралицата Елизабета почина на 8 септември на 96-годишна возраст, земјата прогласи 10 дневна жалост, која заврши со погребот на 19-ти септември.
Околу 250 илјади луѓе дојдоа во Вестминстерската сала, каде беше изложен ковчегот, за да и оддадат почит на најдолговечната кралица.
„Приоритет на Владата беше настаните поврзани со погребот да се одвиваат непречено и со соодветно достоинство, а во исто време безбедноста на граѓаните да биде загарантирана во секое време“, напиша министерот за финансии Џон Глен во писмото до парламентот.
Најголем дел од парите, 73,7 милиони фунти, доби полицијата, надлежна за одржување на редот и националната безбедност.
Полицијата на Сити Лондон на улиците распореди досега најголем број полицајци, соопштувајќи дека станува збор за нивната најголема безбедносна операција во историјата.
На погребот се собраа бројни светски лидери и монарси. Полициското обезбедување беше посилно отколку на Олимписките игри во 2012 година и на прославата на платинестиот јубилеј на кралицата.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос