Вести
Појава на глисти кај ученици во Гостивар

Родителите испаничени, лекарите смируваат. Накратко вака може да се опише состојбата која владее изминатите неколку дена, откако беше утврдена појава на цревни паразити кај неколку ученици во Основното училиште „Гоце Делчев“ во Гостивар. Епидемиолозите апелираат да не се шири паника, затоа што не станува збор за некоја голема бројка на деца, ниту пак за епидемија.
Управата на училиштето како превентива дала препорака на родителите на децата од нижите одделенија, кои ги има околу 600, да извршат испитување. Во микробиолошкото одделение до сега биле испитани над 200 примероци и ниту еден не бил позитивен на детски глисти. Во приватна лабараторија се покажало присуство на паразити кај 20-тина деца.
„Тоа не е бројка што треба да не загрижува. Детските глисти кај децата се честа појава, особено на возраст од 2 до 10 години“, вели Примариус д-р Војислав Огњаноски.
Од училиштето велат дека ги презеле потребните превентивни мерки за да се спречи ширење на оваа цревна зараза. „Освен тие неколку случаи, нема индиции за поголемо проширување. Од страна на училиштето се преземени сите мерки како едукација на наставниот кадар и на учениците, препораки за родителите, дезинфекција и слично“, рече директорот Сашо Шарески.
Лекарите советуваат дека во превентивата најважно е подигнување на нивото на лична хигиена. Пред се` миење на раце-кое мора да биде темелно и доволно долго (15 до 20 секунди најмалку) со вода и сапун или во недостиг на вода и сапун со влажни марамчиња. Задолжително миење на раце по користење на тоалет и по контакт со животни како и темелно миење на овошјето и зеленчукот.
Заразувањето на децата се врши преку нечисти (контаминирани) раце, преку контакт со животни пред се домашни миленичиња, загадена храна (овошје и зеленчук), загадена околина (песок, земја, трева), преку загадени предмети (играчки, клупи и сл.).
Епидемиолозите објаснуваат дека во најголем број од случаите детските глисти не предизвикуваат здравствени проблеми. Во одредени случаи може да се јават непријатни тегоби,интензивно чешање, болки и грчеви во стомакот и губење на апетит. Нивната препорака е децата кај кои лабараториски е потврдено присуство на паразити и примаат терапија да бидат изолирани, односно да не посетуваат училиште или градинка.
- Македонијапред 4 недели
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 4 недели
Се празнува Спасовден
- Македонијапред 3 месеци
Од полноќ ново поскапување на горивата
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 1 месец
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!