Поврзи се со нас

Гостивар

Поклонување и поминување под светата Плаштеница во храмот „Пресвета Богородица“ во Гостивар

Објавено

на

Утрово, на Велики Петок, денот кога во христијанството се одбележува распнувањето на Исус на крстот, во соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар беше отслужена литургија и се читаа светите Евангелија. Потоа, како што налагаат традициите и црковните правила во храмот беше изнесена Светата Плаштеница.

Плаштеницата го симболизира христовиот гроб (претставен како маса покриена со платно на кое е насликано христовото тело во гробот). Верниците се поклонуваат и потоа поминуваат под неа. Поминувањето под плаштеницата се прави со верување дека за се дојде до воскресение, најпрво мора да се помине низ Господовиот гроб, односно дека без распетие, страдање и погребение нема воскреснување. Обичајот за протнување под плаштеницата особено се почитува за малите дечиња.

Верниците кои ја посетуваат црквата палат свеќи и оставаат црвени велигденски јајца.

Во 17 часот во храмот свештениците од гостиварското архиерејско намесништво ќе отслужат вечерна богослужба, а во 18 часот ќе се изврши опело на Господ Исус Христос.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 3 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 7 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 9 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 10 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 11 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 12 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 13 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 14 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена