Вести
Покрената иницијатива ФК Гостивар да премине под капа на општината
ФК Гостивар, kf gostivari, fk gostivar
На денешната седница на Советот на општина Гостивар беше изгласана одлука за покренување на иницијатива, фудбалскиот клуб Гостивар да премине во сопственост на општината. Како што беше речено на седницата, барањето дошло од градоначалникот Арбен Таравари.
Советникот од Алијанса за Албанците, Берат Јакупи објасни дека зеленото светло за иницијативата значи давање согласност локалната власт да ги прибере сите потребни документи и да ги заврши другите подготовки, по што предлогот ФК Гостивар да се врати под капа на општината повторно ќе се најде на гласање пред Советот.
ФК Гостивар настапува во Втората лига – Запад. Оваа сезона беше блиску до влез во Првата Македонска фудбалка лига, односно учестуваше во бараж натпреварите, загуби од Борец на пенали.
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди