Гостивар
Покривот на ОУ „Гоце Делчев“ ќе биде готов во декември
Новиот покрив на ОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар ќе биде готов во декември, рече Таравари при неговата денешна посета на градежните активности во училиштето.
– Започнаа активностите за замена на кровот на ОУ Гоце Делчев, проблем кој траше 10 години. Иако капиталните инвестиции во училиштата треба да ги направи Владата, односно Министерството за образование кои ги молевме една година за овој проблем. Бидејќи не добивме позитивен одговор од таму, моравме сами да го решаваме проблемот, барајќи донатори. Ова е инвестиција на швајцарската влада и Општина Гостивар, проектот беше наменет за Полошкиот регион кој се спроведува преку УНДП, изјави Таравари.
Според градежниот проект, училиштето ќе има функционален т.н зелен кров, врз кој ќе се засади зеленило што треба да придонесе за поуспешна практична настава.
– Училиштето ќе добие и зелен кров, односно на дел од покривот ќе се изгради ботаничка градина каде учениците ќе може да држат настава, што ќе го направи училиштето единствено во државата со ваков зелен кров. Според изведувачот кровот на училиштето треба да биде готов за два месеци, тоа доста зависи и од временски услови, но некаде во декември треба да се завршат градежните работи, појасни градоначалникот.
Вкупната сума на проектот е 300 илјади евра, од кои општината обезбеди 100 илјади, додека 200.000 доаѓаат од владата на Швајцарија и УНДП.
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди