Гостивар
Полицијата до моторџиите: Целосно да се почитуваат правилата и прописите!

Со затоплувањето на времето, покрај другото, на патиштата во поширокиот Полошки регион, се поприсутни се мотоциклистите и велосипедистите. Поради тоа, Секторот за внатрешни работи Тетово ги потсетува мотоциклистите навреме да ја проверат техничката исправност на мотоциклите, да ги регистрираат и како учесници во сообраќајот целосно да ги почитивуваат важечките правила и прописи. До нив се апелира, исто така, да не седнуваат зад волан без положен возачки испит и дозвола за соодветна категорија, но и без да поседуваат и да ја носат на себе пропишаната заштитна опрема, пред се кацига, односно шлем. Доколку ги управуваат мотоциклите без заштитна опрема, возачот и лицето што евентуално го превезуваат, ќе им бидат изготвени законски предвидените поднесоци и ќе се соочат со парична глоба од 50 евра во денарска противвредност, согласно член 99 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
На мотоциклистите им се укажува и тоа дека при намалена видливост да носат рефлектирачки елеци, а истото се однесува и на велосипедистите, меѓутоа и да не бидат прегласни нивните мотоцикли, зашто во спротивно ризикуваат, поради преголема бучава, времено да им бидат одземени на 90 дена.
Секторот за внатрешни работи Тетово веќе стартуваше со редовните контроли на оваа категорија учесници во сообраќајот, кои во наредниот период уште повеќе ќе се интензивираат, а во април планирано е да започне спроведувањето и на посебен превентивно-едукативен проект со кој ќе бидат опфатени средношколци од Тетово и Гостивар.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година