Поврзи се со нас

Гостивар

Полицијата до моторџиите: Целосно да се почитуваат правилата и прописите!

Објавено

на

Со затоплувањето на времето, покрај другото, на патиштата во поширокиот Полошки регион, се поприсутни се мотоциклистите и велосипедистите. Поради тоа, Секторот за внатрешни работи Тетово ги потсетува мотоциклистите навреме да ја проверат техничката исправност на  мотоциклите, да ги регистрираат и како учесници во сообраќајот целосно да ги почитивуваат важечките правила и прописи. До нив се апелира, исто така, да не седнуваат зад волан без положен возачки испит и дозвола за соодветна категорија, но и без да поседуваат и да ја носат на себе пропишаната заштитна опрема, пред се кацига, односно шлем. Доколку ги управуваат мотоциклите без заштитна опрема, возачот и лицето што евентуално го превезуваат, ќе им бидат изготвени законски предвидените поднесоци и ќе се соочат со парична глоба од 50 евра во денарска противвредност, согласно член 99 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

На мотоциклистите им се укажува и тоа дека при намалена видливост да носат рефлектирачки елеци, а истото се однесува и на велосипедистите, меѓутоа и да не бидат прегласни нивните мотоцикли, зашто во спротивно ризикуваат, поради преголема бучава, времено да им бидат одземени на 90 дена.

Секторот за внатрешни работи Тетово веќе стартуваше со редовните контроли на оваа категорија учесници во сообраќајот, кои во наредниот период уште повеќе ќе се интензивираат, а во април планирано е да започне спроведувањето и на посебен превентивно-едукативен проект со кој ќе бидат опфатени средношколци од Тетово и Гостивар.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 3 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 7 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 9 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 10 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 12 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 12 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 13 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 14 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена