Гостивар
Полицијата до велосипедистите: Движете се прописно по улици, казната е 50 евра!

Од средината на овој месец посебно, на патиштата и улиците во тетовско-гостиварскиот регион забележително зголемен е бројот на велосипедисти-учесници во сообраќајот.
„Бидејќи на многу од сообраќајниците на подрачјето не постојат наменски обликувани патеки за нив, апелираме до велосипедистите да се движат прописно, односно крајно десно по коловозот, еден позади друг. Се апелира, исто така, во вечерните часови велосипедистите да бидат адекватно осветлени и да ги избегнуваат темните улици, да внимаваат на знаците кога свртуваат лево или десно, но и задолжително слезени од велосипед да ги преминуваат улиците на обележани премини и друго. Во спротивно, велосипедистите ќе се соочат со законски предвидените сакнции, односно ќе им се изготвуваат соодветни поднесоци, а зависно од видот на сторениот прекршок, согласно член 97 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, предвидени се парични глоби од 50 евра во денарска противвредност.“, подвлекуваат од СВР Тетово.
На возачите на патнички и други возила, пак, им се укажува да бидат максимално внимателни кон велосипедистите и пешаците, особено на пофрекфентните улици. Зашто, меѓу оние кои управуваат велосипеди неретко се среќаваат и малолетници кои не се толку вешти во управувањето и потешко се снаоѓаат, пред се на крстосници, во колони од возила и слично.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022