Поврзи се со нас

Гостивар

Полицијата и инспекциите во акција низ локалите во Гостивар! Казни за неиздавање фискални, пушење внатре, работа на црно…

Објавено

на

Ноќеска (17/18.03 2023) од страна на полициски службеници на Бирото за јавна безбедност при МВР во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Управата за јавни приходи (УЈП) и Државниот инспекторат за труд (ДИТ) спроведена е заедничка контрола во угостителски објекти во Гостивар.

За време на контролата во еден од угостителските објекти од страна на ДПИ констатирани се неправилности по Закон за заштита од пушење, од страна на УЈП е констатирано неиздавање фискални сметки, а од ДИТ затекнато е едно лице на работно место без содветни документи. Полициски службеници затекнале едно женско лице, странски државјанин, без регулиран престој и соодветни документи, кое е предадено на инспектори за странци за понатамошна постапка, информира МВР.

Во друг угостителски објект изречени се глоби поради констатирани неправилности од страна на ДПИ, УЈП и ДИТ, меѓу кои неиздавање на фискални сметки, непоседување книга за дневен извештај, непочитување на Законот заштита од пушење во затворен дел од објектот и др. Неправилности од страна на УЈП во врска со неиздавање на фискални сметки, непоседување на фискална каса и книга со извештаи се констатирани во уште еден угостителски објект во Гостивар, за што ќе бидат изречени парични глоби. Во истиот објект се затекнати осум лица кои непријавени вршат угостителска дејност за што ќе следува казна, наведува полицијата.

За време на акциската контрола, на подрачјето на Гостивар беа затекнати пет возачи кои управуваа возило под дејство на алкохол, истите се исклучени од сообраќај и издадени им се соодветни платни налози. Притоа, констатирани се девет останати прекршоци, кои се законски санкционирани.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена