Гостивар
Полицијата и „пајакот“ во интензивен „лов“ на погрешно паркирани возила низ Гостивар
Гостиварската полиција и пајак службата од утре ги интензивираат контролите насочени кон погрешното паркирање. Несовесните возачи ќе се казнуваат, а подигнатите возила од „пајакот“ ќе завршуваат на плацот за таа намена.
„Започнуваме со интензивни активности за воспоставување ред и безбедност со паркирањето во Гостивар. Утре од 20 часот па до 2 после полноќ акцијата ќе се одвива на улиците „Илинденска“ и „Сретко Крстески“ , а потоа и на другите помали улици низ централното градско подрачје. Први на удар ќе бидат возилата оставени на тротоари, крстосници, во зеленило“, рече Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Истовремено службите ќе ги санкционираат и сите кои узурпираат јавни површини со земјоделски и други прехранбени производи со импровизирани тезги, со угостителска опрема и слично.
„Целта е да се воспостават безбедносни услови и непречено движење за пешаците, како и за останатите учесници во сообраќајот“, нагласи Јосифоски.
Активностите биле дефинирани денес, на состанок меѓу раководствата на Одделението за внатрешни работи Гостивар и ЈП за паркинг и зеленило.
-
Гостиварпред 3 месеци
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ
-
Гостиварпред 4 недели
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Гостиварпред 3 месеци
MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..
-
Гостиварпред 2 месеци
Жител на Добридол измамен за 2700 денари на пазар во Тетово
-
Гостиварпред 3 месеци
Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | ИНТЕРВЈУ со д-р Стојо Бошкоски