Гостивар
Полицијата казни 15 пешаци во Гостивар

Полициски службеници на СВР Тетово вчера (8 февруари) од 8 до 12 часот на тетовско-гостиварското подрачје спровеле акциска контрола за санкционирање на прекршоците што ги прават пешаци. При контролата, биле откриени и санкционирани вкупно 29 прекршоци (ТЕ-14 и ГВ-15). Најголемиот број од прекршоците се однесувале на преминување на улиците надвор од обележани премини. На сите прекршители изготвени им се адекватни поднесоци и покани за присуство на таканаречена сообраќајна поука, извести полицијата.
Секторот за внатрешни работи Тетово со совет и предупредување до пешаците да бидат максимално внимателни кога и каде ги преминуваат улиците и како да се движат на улици каде што нема обликувани тротоари. До нив се апелира, исто така, да ги почитуваат постојните знаци и сообраќајна сигнализација и посебно да не ги пуштаат без надзор во сообраќај малолетните деца. Ова, дотолку повеќе што минатата година речиси половина од загинатите лица во сообраќајни несреќи на поширокото тетовско подрачје биле пешаци. До возачите, пак, се апелира секогаш да им даваат предност, односно да ги пропуштаат пешаците, особено во близина на училишта, детски градинки и пред други јавни установи, пред и во кои секојдневно се чувствува зголемена фрекфренција на возила и пешаци.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава