Гостивар
Полицијата казнува возачи за чкрипење со тркала, преголема бучавост…

СВР Тетово во текот на вчерашниот ден и ноќеска во периодот од 8.00 до 1.00 часот по полноќ спроведе акциска контрола за прекршоци што ги прават возачите со чкрипење на погонските тркала, преголема бучавост, техничка неисправност на возилата и оние кои го попречуваат сообраќајот со погрешно или непрописно паркирање на возилата.
При контролата биле откриени и санкционирани 96 прекршоци (ТЕ-81 и ГВ-15), од кои 21 прекршоци поради непрописно паркирање и со специјално возило „пајак“ биле подигнати 17 возила, 51-возачи затоа што користеле мобилен телефон при управување со возило, 18 возачи затоа што не користеле сигурносен појас… Против возачите биле поднесени соодветни поднесоци. „Исто така, во текот на контролата, на улица „Маршал Тито“, на влез во градот, биле исклучени од сообраќај и задржани во Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово 10 патнички возила, од кои 7 со странски регистарски ознаки и 3 со тетовски регистерски таблици, кои го нарушиле јавниот ред и мир со чкрипење на погонски тркала и предизвикале поголема бучавост од максимално пропишаната, поради што ќе бидат упатени на вонреден технички преглед. Поради истата причина, претходните два дена биле исклучени и задржани уште 13 патнички возила. На возачите ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци согласно констатираните неисправности во станицата за технички преглед, а доколку биде констатирано преголема бучавост кај возилата, тие согласно законот ќе бидат задржани 90 дена во полициска станица.“, извести полицијата.
СВР Тетово апелира до возачите навремено да ја проверуваат техничката исправност на возилата, да не управуваат без положен возачки испит, да внимаваат каде ги паркираат нивните возила и да овозможат нормален проток на сообраќајот, затоа што секој ден сме сведоци на преголема гужва и засилена фреквенција во сообраќајот, но и сообраќајни несреќи со сериозни последици. Со тоа ќе придонесат за поголема лична безбедност и безбедност на останатите учесници во сообраќајот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос