Гостивар
Полицијата на гости кај дечињата во градинката во Врапчиште
Дечињата кои ја посетуваат детската градинка во Врапчиште, денес имаа несекојдневни гости – полициски службеници од Полициското одделение Галате. Полицајците ги посетија со цел да им ја претстават својата работа, да поразговараат со нив и да им покажат дел од опремата. За децата примамливи беа и полициските возила со сигнални светла и сирени. Некои од нив ги испробаа елеците што ги носи полицијата и сообраќајните знакови.
Посетата се организираше по повод Денот на превенцијата во соработка со Отсекот за превенција при СВР Тетово.
„Одлучивме да ја посетиме мултуетничката градинка во Врапчиште со цел да ги запознаеме децата со опремата што ја користиме во нашите секојдневни активности. Исто така, ова е начин да ги скршиме тие предрасуди дека полицајците се страшни, да им покажеме дека не треба да се плашат од нас. Ние сме тука за нивната безбедност, а можеби еден ден некое од нив ќе ни биде и колега“, рече командирот на ПС Галате, Екрем Бајрами.
Освен што ги едуцираа и информираа, полициските службеници на дечињата им донесоа и пригодни подароци.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар