Гостивар
Полицијата на пазарот во Гостивар ги подучуваше трговците и граѓаните како да се вардат од џепчии

Во рамките на планираните превентивни активности на СВР Тетово за овој период од годината, полициски службеници од Отсекот за превенција денеска (1 ноември) го посетија гостиварскиот голем пазар и остварија непосредни средби со продавачите и граѓаните-купувачи на најразлични, пред се земјоделски производи. На средбите им беше објаснето и советувано да внимаваат на нивните паричници и други вредни предмети кои ги носат со себе, зa да се заштитат од џепни кражби.
На граѓаните, исто така, им беше укажано и да бидат претпазливи во контакти со непознати лица кои на и околу пазарите им нудат производи со сомнително потекло и квалитет, но и разни други услуги.
Полицијата најави дека вакви средби ќе бидат реализирани и на другите пазари на поширокото полошко подрачје, во функција на подобрување на вкупната безбедност и намалување на имотните деликти и измамите.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?