Гостивар
Полицијата на пазарот во Неготино полошко ги советуваше луѓето за заштита од крадци и измамници

Во рамките на кампањата “Безбедно лето 2023” денеска (17 септември) полициски службеници на СВР Тетово реализираа уште една од серијата превентивни активности, чиј носител беше Отсекот за превенција. На пазарот во гостиварското село Неготино на средби со граѓаните, продавачи и купувачи им се делеа летоци, а полициските службеници споделуваа и информации и совети со нив – како најефикасно да се заштитат од џебни и други кражби и измами.
Притоа, посебно им беше укажано да внимаваат кога стапуваат во контакт со непознати лица кои им нудат производи и услуги со непознато потекло и квалитет, да бидат крајно претпазливи со паричниците, а доколку забележат сомнителни лица и ситуации, брзо да ги пријават на бесплатниот број 192 или во најблиската полициска станица, информира портпаролот на СВР, Марјан Јосифоски.
На граѓаните, исто така, им беше нагласена потребата од натамошна двонасочна соработка со полицијата и градење и унапредување на меѓусебната доверба во справувањето со сите видови криминал на нивното и поширокото подрачје. Идната недела вакви активности ќе е следат и на пазарите во Тетово и Гостивар, со цел навреме да се пресретнат можните кражби и измами.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!