Поврзи се со нас

Гостивар

Полицијата на состанок со надлежните за зимско одржување на патиштата во Гостивар и Тетово

Објавено

на

Секторот за внатрешни работи Тетово значително ги интензивира планираните превентивни и други активности за непречено и безбедно одвивање на сообраќајот во зимски услови.

Полициски службеници на Секторот кон крајот на минатата недела и денеска (8 ноември) во Тетово и Гостивар остварија средби со претставници на локални самоуправи на подрачјето и претпријатија и фирми кои во текот на претстојната зима ќе бидат задолжени за одржување на патиштата и тротоарите и ги запознаа со нивните обврски.

„На состаноците посебно им беше укажано на законските импликации за нередовно и неквалитетно отстранување на снегот од патиштата. Секторот за внатрешни работи Тетово, исто така, ги потсетува возачите дека за една недела, односно од 15-ти овој месец ќе стапи во сила законската обврска за задолжително поседување, односно носење на зимска опрема, која ќе се спроведува до 15-ти март идната година. Во овој период, согласно Законот за безбедност на патниот сообраќај, возачите ќе треба да поседуваат синџири за снег, соодветни за димензиите на пневматиците на возилото или адекватни зимски пневматици. Оние кои без зимска опрема ќе тргнат на пат ќе се соочат со  поднесоци и парична глоба од 45 евра во денарска противвредност и ќе бидат исклучени од сообраќај, особено ако се отежнати условите за движење на возилата. До возачите се апелира и тоа – да ја прилагодат брзината според условите на патот, особено во раните утрински и доцните вечерни часови, кога обично коловозите се влажни и лизгави и кога е можна појава на голомразица на повисоките места, особено кон Маврово, Стража и Попова Шапка.“, извести СВР.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 51 минута

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 2 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 3 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 4 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 5 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Како гласаше Гостивар во првиот круг на седмите претседателски избори?

Гостиварпред 6 часа

Повеќечасовно минирање кај гостиварска Бањица денес

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Здравје и убавинапред 8 часа

11 намирници за подобра циркулација

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена