Гостивар
Полицијата на средби со угостителите во Маврово за поголема безбедност во зимската сезона
Во мавровското подрачје денес, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово во содејство со други служби од тетовскиот сектор, остварија средби со одговорните лица на угостителски објекти и на хотели. Активноста е спроведена врз основа на изготвен план за превенција, а во врска со Новогодишните и Божикни празници, потоа зимската туристичка сезона како и зимскиот распуст за основците и средношколците.
„На средбата на сопствениците и менаџерите им беше укажано на обврската за доследно почитување на законските одредби особено од законот за прекршоците против јавниот ред и мир, како и за нивна должност како правни и одговорни лица или трговци поединци кои вршат угостителска дејност – да преземаат соодветни мерки во таа насока. Посебен акцент беше ставен на употреба или пукање со огнено оружје или со пиротехнички средства надвор од законските прописи. Исто така од страна на полициските службеници беше укажано околу забраната за точење алкохол на малолетни лица, како и за законската обврска од навремено пријавување во полиција на било какви нарушувања и други недозволени појави и однесувања на гостите.“, извести портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.
Средбата има за цел ефикасно функционирање на МВР и одржување на поволна безбедносна состојба во областите на јавниот ред и мир, криминалитетот и безбедност во сообраќајот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград