Македонија
Полицијата на средби со угостителски менаџери во тетовско-гостиварско за ангажирањето странци за работа

Изминатиот викенд (4 и 5 март) полициски службеници на СВР Тетово оствариле средби со одговорните на вкупно 21 угостителски објект (хотели и мотели) кои работат на тетовско-гостиварското подрачје. Во рамките на овие средби чиј носител е Отсекот за превенција, полициските службеници поблиску ги запознале угостителите со одредбите на Законот за странци и со неопходноста од нивно целосно и доследно почитување, пред се кога станува збор за пријавување и одјавување на странски државјани и регулирање на нивниот престој на подрачјето.
„Тие, исто така, биле информирани и за законските импликации доколку не се придржуваат на важечките одредби. Угостителите искажале целосна подготвеност на имплементација на законските одредби и во иднина.“, информира портпаролот на СВР, Марјан Јосифоски.
Минатата недела вакви средби со претставници на високообразовни институции и спортски клубови во кои се образуваат или за кои настапуваат странци беа организирани во Гостивар.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава