Поврзи се со нас

Македонија

Полицијата на средби со угостителски менаџери во тетовско-гостиварско за ангажирањето странци за работа

Објавено

на

Изминатиот викенд (4 и 5 март) полициски службеници на СВР Тетово оствариле средби со одговорните на вкупно 21  угостителски објект  (хотели и мотели) кои работат на тетовско-гостиварското подрачје. Во рамките на овие средби чиј носител е Отсекот за превенција, полициските службеници поблиску ги запознале угостителите со одредбите на Законот за странци и со неопходноста од нивно целосно и доследно почитување, пред се кога станува збор за пријавување и одјавување на странски државјани и регулирање на нивниот престој на подрачјето.

„Тие, исто така, биле информирани и за законските импликации доколку не се придржуваат на важечките одредби. Угостителите искажале целосна подготвеност на имплементација на законските одредби и во иднина.“, информира портпаролот на СВР, Марјан Јосифоски.

Минатата недела вакви средби со претставници на високообразовни институции и спортски клубови во кои се образуваат или за кои настапуваат странци беа организирани во Гостивар.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена