Гостивар
Полицијата потсетува на правилата за престигнување, вчера казни 18 возачи во Гостивар за непочитување

Полициски службеници на СВР Тетово вчера (24 октомври) од 14 до 19 часот на поширокото полошко подрачје спровеле акциска контрола за престигнување во која биле откриени и законски санкционирани вкупно 32 прекршоци (Тетово-14 и Гостивар-18). Најголемиот број од констатираните прекршоци (27) се однесувале на престигнување на забранети места, 4 во колона и 1 на непрегледно место.
На сите возачи-прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со предвидените парични глоби, а некои од нив и со мерка времено одземање на возачите дозволи од три месеци до една година. При контролата, исто така, биле санкционирани и 10 други видови сообраќајни прекршоци.
Секторот за внатрешни работи Тетово со совет и укажување до возачите да не престигнуваат на забранети места и посебно на таканаречена „полна линија“, зашто на тој начин непосредно ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Покрај тоа, се апелира на прилагодување на брзината според условите на патот, посебно во раните утрински и доцните вечерни часови, зашто претстојат есенски услови на патиштата и поради тоа неопходна ќе биде максимална внимателност и концентрација на возачите.
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 4 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вековна традиција во Вруток – Магнет за посетители
-
Македонијапред 3 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден