Гостивар
Полицијата предупредува: Измамници со лажни приказни ќарат пари, граѓаните да внимаваат

Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до граѓаните да бидат посебно внимателни кога непосредно, телефонски или преку социјалните мрежи стапуваат во контакт со непознати лица, особено ако тие им нудат или од нив бараат различни услуги, производи или слично. Зашто, во спротивно лесно можат да бидат доведени во заблуда со лажно прикажување или прикривање на факти, да бидат противправно парично или на друг начин оштетени, односно измамени, посебно повозрасни лица.
Во контактите, измамниците вешто и досетливо, најчесто измислувајќи лажни приказни неретко успеваат да ја остварат целта и да дојдат, пред се, до парични средства или до друг вид материјална корист.
Секторот за внатрешни работи Тетово потсетува дека измамите се кривично дело казниво по член 247 од Кривичниот законик, за кое е предвидена парична или затворска казна до три години.
Годинава досега, во Секторот за внатрешни работи Тетово пријавени се вкупно 72 измами на поединци, од кои најголемиот број се веќе расчистени и заокружени со соодветни поднесоци против измамниците.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар