Гостивар
Полицијата со апел: Тракторите да бидат регистрирани и да не ги возат малолетници
Со оглед на интензивирањето на подготвителните земјоделски активности, проследени со зголемена раздвиженост по патиштата кои водат до нивите на полошките земјоделци, Секторот за внатрешни работи Тетово повторно апелира земјоделската механизација (најмногу тракторите) да се користат исклучиво за својата намена, а не и за превезување на лица, да биде технички исправни и навреме регистрирани.
Се укажува, исто така, ваквиот вид механизација задолжително да ја управуваат лица со положен возачки испит, а не и малолетници.
СВР Тетово напоменува- земјоделската механизација во вечерните часови, односно тракторите да бидат соодветно осветлени за да можат да се забележат од другите учесници во сообраќајот.
„Доколку не се почитуваат овие препораки, сопствениците на земјоделска механизација ќе се соочат со законски предвидените поднесоци, со напомена дека глобата за нерегистриран трактор, на пример, се движи од 100 до 500 евра во денарска противвредност. Секторот за внатрешни работи уште еднаш апелира до полошките земјоделци доследно да ги почитуваат овие совети и укажувања и да не ја доведуваат во прашање сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, тогаш кога заради најразлични потреби ќе ја користат механизацијата со која располагаат.“, наведува СВР.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар