Гостивар
Полицијата со совети за пензионерите во Гостивар како да се чуваат од кражби и измами

Граѓаните од трето доба се најчестата мета на крадци и измамници, кои ги користат да дојдат до брза „заработка“. Со цел да се намали ризикот од такви појави, полицијата спроведува превентивни активности, а една таква беше реализирана денес во Гостивар.
Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово во просториите на Здружението на пензионери Гостивар имаа средба со претставници и членовите на здружението. На средбата било разговарано за мерките кои се преземаат за намалување на криминалитетот, а од страна на полициските службеници биле поделени и корисни совети за превенција од имотни деликти, посебно на џебни кражби.
„Исто така се говореше и за џебните кражби, за внимателност при подигнување на пензијата односно да внимаваат како и каде го чуваат нивниот паричник, да се избегнува присуство на места каде има поголеми гужви, се со цел да не бидат потенцијални жртви на разбојништво и измамници“, извести СВР Тетово.
Покрај тоа на средбата се зборувало и за постапката околу пријавување на настани и дела за брза и навремена реакција од страна на полицијата.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос