Гостивар
Полицијата во Гостивар и Тетово со камера ќе ги снима сообраќајните акции и контроли

Полициските службеници ангажирани за контрола и безбедност во сообраќајот на тетовско-гостиварското подрачје се опремија со мобилни системи за снимање со камера, кои ќе ги користат на терен при преземање на редовни и акциски мерки и активности.
„Со овие системи ќе се снима, аудио и видео, целата комуникација помеѓу полициските службеници и граѓаните опфатени со контролни активности, а на кои претходно ќе им биде кажано, односно објаснето дека нивната комуникација се снима. На овој начин се очекува поголема ефикасност во спроведувањето на активностите и намалување на можни злоупотреби од граѓаните или полициските службеници.“, соопшти СВР Тетово.
Од таму појаснуваат дека воведувањето на новината засега е како пилот проект во областа на сообраќајот, а за во иднина се планира да се воведе и во другите полициски активности.
Системите за снимање се донација од САД.
-
Гостиварпред 2 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин Велко Бобароски | Дијабетес
-
Гостиварпред 3 месеци
Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница
-
Гостиварпред 3 месеци
Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж
-
Гостиварпред 3 месеци
Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче