Гостивар
Полицијата во Гостивар пиша 15 казни на пешаци и една на возач во последната акција

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, вчера (28 септември) од 16 до 20 часот спроведоа акциска контрола на возачите, колку тие ги почитуваат нивните обврски кон пешаците, но и колку пешаците се придржуваат кон сообраќајните правила и прописи. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 27 возачи (ТЕ-26 и ГВ-1) кои не им дале предност на пешаците, во најголем број на обележани пешачки премини. На сите им се изготвени соодветни поднесоци и ги очекува парична глоба која за овој вид прекршок се движи од 20 до 250 евра во денарска противвредност, а за најтешките прекршоци предвидена е и заштитна мерка-времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година.
Покрај ова, биле санкционирани и 15 пешаци во Гостивар кои ги преминувале улиците надвор од обележани пешачки премини, како и 12 во Тетово други видови сообраќајни прекршоци.
Секторот за внатрешни работи Тетово со совет и укажување до возачите секогаш да им даваат предност, односно да ги пропуштаат пешаците, а пешаците да се движат по тротоари и да внимаваат кога и каде ги преминуваат улиците, особено на крстосници и таму каде што нема обележани пешачки премини.
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 4 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вековна традиција во Вруток – Магнет за посетители
-
Македонијапред 3 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден