Гостивар
Полицијата во Гостивар со практичен час за првачиња по сообраќајна култура

Првоодделенците од ОУ „Исмаил Ќемали“ во Гостивар поминаа интересно и поучно утро со полициски службеници, кои ги едуцираа околу сообраќајните правила. Во склоп на практичниот час дечињата, учителките и полицајците заедно пеш се движеа по булеварите „Гоце Делчев“ и „Браќа Ѓиновски“.
Првооделенците непосредно имаа можност да видат што е пешачки премин, како правилно се минува улица, што е крстосница и како се постапува на крстосница и како правилно да се движат по улици на кои нема обликувани тротоари.
Целта на оваа активност е подигнување и унапредување на сообраќајната култура на најмладите основци, тие полесно да се снаоѓаат во сообраќајот и да бидат побезбедни на патот од домот до училиштето и обратно.
„Ова е една добредојдена активност за дечињата од прво одделение, со која тие ќе научат како правилно треба да се движат по улица, ќе се запознаат со сообраќајните знаци и правила како за пешаците, така и за возилата коишто се движат по патот“, рече директорката на училиштето, Шпреса Усеини.
Активноста ја организираше СВР Тетово преку Отсекот за превенција, а во неа учествуваа и полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај Гостивар.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022