Гостивар
Полицијата во гостиварско ќе ги интензивира контролите за време на ловната сезона
Престојниот викенд ќе биде отворена новата ловна сезона, која се очекува во наредниот период значително да се интензивира, особено за викендите и празниците.
Со цел навреме да се превенираат незаконски постапки на поединци, а и ловџиите навреме и непосредно да бидат информирани за последиците од таквите постапки, Секторот за внатрешни работи Тетово апелира доследно да се почитува Законот за лов. Од таму најавуваат засилени контроли.
„Со започнувањето на новата ловна сезона, Секторот за внатрешни работи Тетово во соработка со другите служби, значително ќе ги засили контролите низ ловиштата на подрачјето и ќе презема соодветни превентивни и други мерки и активности за спречување и санкционирање на незаконскиот лов. Санкциите за непочитување на одредбите од Законот за лов се мошне ригорозни и доследно и без исклучоци ќе се применуваат кон сите подеднакво, без разлика дали станува збор за ловџии-почетници или за искусни поклоници на овој рекреативен спорт, односно хоби.“, вели портпаролот на СВР, Марјан Јосифоски.
Незаконит лов претставува кривично дело, за кое се предвидени парични и казни затвор од три месеци до три години, зависно од тоа – кога, каде и што е отстрелано.
-
Гостиварпред 6 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди