Гостивар
Полицијата во „лов“ на брзи возачи-35 казни на подрачје на Гостивар

Полициски службеници на СВР Тетово вчера (10 јуни) од 14 до 20 часот спроведоа зајакната акциска контрола за брзина со која се движат возилата, а во која вкупно се изречени 134 мерки. Од нив 99 на тетовско и 35 на гостиварско подрачје.
Осумдесет и осум од мерките се однесувале на пречекорување на максимално дозволената брзина надвор од населено место. Од нив, 14 пречекорувања (Тетово-5 и Гостивар-9) биле за повеќе од 70 километри на час.
Во контролата биле откриени и санкционирани и 46 пречекорувања на пропишаната брзина во населено место, а санкционирани, исто така, биле и 8 други видови сообраќајни прекршоци.
СВР Тетово со уште еден апел до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот, посебно ако е врнежливо времето, но и воопшто и да ги почитуваат важечките знаци на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје, како и на регионалните и локалните патишта и на тетовските и гостиварските улици.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022