Гостивар
Полицијата за дамите возачи во Гостивар и Тетово: „Биди горда што возиш безбедно“

Секторот за внатрешни работи Тетово денеска (8 март) реализираше превентивно-информативна активност по повод Меѓународниот ден на жената, Осми март, чие мото беше „Биди горда што возиш безбедно“. На неколку пунктови во Тетово и Гостивар полициски службеници претпладнето им делеа на возачите, припаднички на понежниот пол, флаери со совети и освежувачи за возила.
Во флаерите што ги добиваа тетовските и гостиварските дами-возачи поместени се повеќе совети, а кои се однесуваат на задолжително користење на сигурносен појас, прилагодување на брзината според условите, некористење мобилен телефон при возење, воздржување од консумирање на алкохол и максимална грижа за секој учесник во сообраќајот, информира полицијата.
Денешните превентивни активности иницирани и имплементирани од Отсекот за превенција се во рамките на заедничката кампања „Вози одговорно“, чии носители се Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност-Скопје.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава