Гостивар
Полициски билтен: Три пријави за физички напад во Гостивар
Во дневниот извештај на полицијата за регионот на Гостивар, регистрирани се три физички напади на различни локации.
Денеска (15 октомври) во 7 часот и 20 минути, Ќ.И.(53) од гостиварско село во СВР Тетово пријавил дека во угостителски објект во селото физички бил нападнат од 30-годишниот соселанец Н.Ќ. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.
Вчера (14 октомври) во 13 часот, Ј.М.(46) од Гостивар во СВР Тетово пријавил дека околу 12 часот на улица „Живко Брајковски“ во Гостивар, физички бил нападнат од 25-годишниот гостиварец А.С. За кусо време А.С. лишен е од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, а одземен му е и нож.
Вчера (14 октомври) во 10 часот, М.Д.(51) од гостиварска Фазанерија, пријавила дека на 12 октомври годинава околу 12 часот, С.М.(38) од истата населба физички го нападнал нејзиниот малолетен внук.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар