Вести
Полицијата ги советува гостиварци како да се заштитат од кражби
Секторот за внатрешни работи Тетово овој месец започна со практична реализација на нов проект „Превенција од тешки кражби“. Во негови рамки се предвидени повеќе активности во функција на спречување и намалување на ваквиот вид кражби во летниот период, пред се во куќи и станови.
„Веќе стартуваа, а во наредниот период уште повеќе ќе се интензивираат, непосредни средби со граѓаните на Тетово и Гостивар и повеќе села: Доброште, Озормиште, Желино, Вратница, Пирок, Шемшово, Радиовце, Врапчиште, Форино, Дебреше, Чегране, Чајле, Маврово. На средбите граѓаните поблиску ќе бидат запознати со тоа што треба да прават најефикасно да ги заштитат од провалување нивните домови, посебно кога тие се на летен одмор или кога заради најразлични потреби и поводи подолго време отсуствуваат -посети на роднини, времена работа во странство и така натаму.“, стои во соопштението од СВР.
Полицијата ќе ги охрабрува и поттикнува граѓаните доколку имаат финансиски можности, да набават квалитетни влезни врати и прозорци, но и да обезбедат соодветна алармна и друга опрема и да ја постават во домовите.
Од граѓаните ќе се побара и ќе се апелира навреме да го пријават во најблиските полициските станици или одделенија секое сомнително движење на непознати лица, особено во вечерните часови, кога впрочем и најчесто „оперираат“ крадците во Полошкиот регион, претежно во празни куќи и станови.
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди