Вести Гостивар
Полицијата со апел: Проверете ја исправноста на тракторите и не ги давајте на деца

Несреќите со трактори и друга земјоделска механизација зачестуваат во текот на летниот период, поради што полицијата потсетува и апелира до земјоделците од полошко да ги почитуваат правилата и прописите. Во апелот на Секторот за внатрешни работи Тетово се вели сопствениците на трактори и друга земјоделска механизација навреме да ги регистрираат, зашто нема да се толерираат вакви недостатоци и доколку бидат затекнати на патиштата, против оние кои ќе ги управуваат нерегистрираните трактори ќе следуваат соодветни поднесоци
„До сопствениците на трактори се апелира, исто така, технички да ги проверат, особено нивните сопирачки и светлосните уреди, бидејќи неретко се движат по патиштата и во вечерните часови. Покрај ова, им се укажува да не им ги даваат да ги управуваат тракторите малолетни лица или лица без соодветна дозвола и доследно да ги почитуваат ограничувањата за брзина, но и сите други сообраќајни правила и прописи.“, наведуваат од СВР.
Полицијата неколку години наназад спроведуваше проект за поголема безбедност на земјоделската механизација во сообраќајот, во чии рамки земјоделците на непосредни средби со полициските службеници поблиску беа запознати со активностите што треба да ги преземат како учесници во сообраќајот, за дa ги избегнат можните законски импликации.
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја