Вести
Полициска контрола во Гостивар: 25 возачи казнети за пребрзо возење

Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција спровела акциски контроли за брзината со кои се движат возилата низ гостиварските улици, како и патиштата надвор од населените места.
Сообраќајците констатирале вкупно 27 пречекорувања на брзината и од од 10 до 50 километри на час, повеќе од дозволеното. Десет возачи пребрзо возеле низ улиците во градот, а седумнаесет надвор од населените места. Дваесет и пет од прекршителите ќе се соочат со казни, додека двајца поминале со писмени опомени.
„Вчерашните акциски контроли се со цел навреме да се откријат и санкционираат сите оние кои не ја прилагодуваат брзината според условите на патот, дотолку повеќе што токму брзината и годинава е најчестата причина за сообраќајните несреќи и пред се за оние со најтешки последици“, соопштуваат од Секторот за внатрешни работи.
Акција била спроведена и во Тетово каде се откриени вкупно 29 пречекорувања на дозволената брзина, од кои 21 во и осум надвор од населено место. Казнети биле 16 возачи, а останатите поминале со опомена.
-
Македонијапред 2 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 2 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
Фото глетка од Гостивар на дождлив јунски ден