Поврзи се со нас

Вести

Полн храм на Светата Литургија за Божиќ во Гостивар

Објавено

на

Православните верници од Гостивар го прославуваат големиот христијански празник, Божиќ.. Утрово, црквата „Пресвета Богородица“ беше полна со верници од сите возрасти кои заеднички се радуваа на денот на Христовото раѓање. Со Светата Архиерејска Литургија чиноначалствуваше Митрополитот тетовско-гостиварски г.Јосиф, во сослужение со повеќе свештенослужители.

Пред верниците беше прочитано божиќното послание кое го упати архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан заедно со Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква -Охридска архиепископија. Во него се вели: Возљубени чеда во Господа, празникот на Христовото рождество е празник на радоста, на мирот и на љубовта. Доаѓањето на Бога на земјата донесе радост, зашто Бог е радост. Затоа богољубивите луѓе секогаш се радосни, и тие ќе го наследат Царството небесно. „Радоста е пропаст за тагата, поткрепа во неволите, утеха во молитвата, олеснување на болката, сокровиште на надежта, храна на подвижниците, извор на љубовта и сопатник на трпението”, пишува свети Нил Синајски. Затоа, ако сакаме да имаме мир и љубов, треба да започнеме од радоста, и тоа токму од празникот на Христовото рождество. Секое раѓање е нов живот, нова радост, а раѓањето на Богомладенецот е најголема радост, радост за сите луѓе и за сите времиња.

Литургијата заврши со причестување на верниците, меѓу кои имаше и многу дечиња.

Христос се роди! Вистина се роди!

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 37 секунди

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 2 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 2 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 3 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 4 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Како гласаше Гостивар во првиот круг на седмите претседателски избори?

Гостиварпред 6 часа

Повеќечасовно минирање кај гостиварска Бањица денес

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Здравје и убавинапред 7 часа

11 намирници за подобра циркулација

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена