Рецепти
Полнети суви пиперки, вкус што ќе ве освои

Традицијата на нашето поднебје налага во подготовките на зимницата, да има и везени суви пиперки. Домаќинките ги користат при правење манџи, тавче гравче, ги додаваат во печено месо…Ограничувања нема, затоа што навистина го збогатуваат јадењето. Денес ви предлагаме еден рецепт во кој сувите пиперки имаат главна улога.
Состојки:
10-12 суви пиперки
3 компири
филџан ориз
200 гр. масло
2 главици кромид
магданос
црвен пипер
сол, бибер
Подготовка:
Најпрво убаво измијте ги пиперките и попарете ги со врела вода. Во тава на загреано масло, пропржете го ситно сецканиот кромид, додадете го компирот (претходно изрендан), па на крај оризот, црвениoт пипер, солта, биберот и магданосот. Додадете малку вода и оставете да се крчка 10-тина минути. Потоа со оваа смеса наполнете ги пиперките. Наредете ги во тавче и налејте ги со една чаша дoматен сос. Печете ги вo рерна на 180 степени, половина час.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022