Култура
„Полог пее“ во Гостивар ги стопли срцата на публиката
Дека фолклорот и традициите се` уште живеат во срцата на гостиварци се докажа вчеравечер на првото издание на манифестацијата „Полог пее“. Салата во Центарот за култура АСНОМ беше полна, а публиката шеесетина минути уживаше во настапите на културно уметничкото друштво „Браќа Ѓиноски“ од Гостивар и нивните тетовски пријатели од „Иљо Антески Смок“ .
„Може да кажеме дека сме задоволни од целиот концерт. Нашите членови се претставија со три сплетови на ора: Тресеница, Водарки и Беранче. Убава програма подготвија и фолклорната секција на друштвото Иљо Антески Смок како и нивната пејачката група која изведе сплетови на песни од тетовскиот крај“, рече секретарот на ГАКУД „Браќа Ѓиноски“, Анте Тодороски.
Настанот го организираше Здружението за култура „Анисија“. Од таму велат дека целта им е да во иднина да ја издигнат манифестацијата на интернационално ниво.
„Првото успешно издание ни е поттик да продолжиме да работиме и во иднина, манифестацијата да стане традиција и да бидеме домаќини на културно уметнички друштва не само од Македонија, туку и од други земји“, изјави Валентина Тасеска, од здружението организатор.
Настанот имаше хуманитарен карактер преку собирање на донации од публиката кои ќе се искористат за помош на загрозени категории граѓани. Концертот „Полог пее“ се организираше со поддршка на Министерството за култура, Општина Гостивар и гостиварскиот Центар за култура.
-
Гостиварпред 6 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди